ШоуБиз

Бремена манекенка на модна писта!

Sofia Kayhill го шокираше светот кога на Модната недела во Лондон се прошета по пистата гола само со шешир на глава. Но, тоа не е најинтересното. Она што привлекло најмногу внимание бил нејзиниот голем стомак. Sofia била во осмиот месец од бременоста. Таа изјавила дека е принудена на ваков чекор од причина што мора некако да си го прехрани семејството.

Sofia има само 28 години и е самохрана мајка. Некогаш била мис на Велс, а со манекенство започнала да се занимава од својата 18-та година.  Бидејќи тогаш останала трудна со синот кој сега има дури девет години, а потоа се развела од својот сопруг, таа почнала да привлекува внимание на еден поинаков начин со цел да си ги плати сметките.

Така почнала да се слика со сѐ помалку облека на себе, а се има фотографирано „Playboy“ и за „Penthouse“. Минатата година повторно останала бремена, а дечкото набрзо ја напуштил, па сега мора на ваков начин да се грижи за двете деца.

Напиши коментар