ШоуБиз

Британија се откажува од Евровизија?!

Откако по којзнае кое по ред евровизиско фијаско на Велика Британија, фановите на спектаклот од оваа земја тврдат дека е време за повлекување од евровизиската сцена и тоа засекогаш.

Многу повеќе се очекувало од овогодинешниот претставник на Британија, ветеранот од музичката сцена – Engelbert Humperdinck. Сепак, неговата балада „Love Will Set You Free“ доби само 12 поени, и со тоа Бртанија се најде на последното место во евровизиското финале во Баку, Азербејџан.

Пејачот во својата долгогодишна кариера има продадено повеќе од 150 милиони плочи, па затоа се очекувало оваа година, токму тој да ја оживее британската среќа на Евросонг. Сепак, Британија доби поени само од четири земји: Ирска, Белгија, Естонија и Латвија.

Британските гледачи ја преплавиле BBC со барања нивната земја да се повлече од ова натпреварување со што би се ставило крај на понижувањето.

Напиши коментар