ШоуБиз

Британските музичари се најпродавани!

Британските музичари се најпродавани на целиот свет. Веќе 15 години го заземаат поголемиот дел на музичкиот пазар благодарение на пејачи од калибарот на Адел, Џеси Џеј, Ејми Вајнхаус, Колдплеј и други. Продажбата на британски албуми во 2011 година изнесува повеќе од 50 проценти од вкупната продажба на албуми ширум светот. На второ место се наоѓаат американските изведувачи со нешто повеќе од третина продадени албуми од вкупиот број.

Албумот на Адел е продаден во неверојатни 3,4 милиони примероци и воедно е најпродаван албум во Велика Британија во ова столетие.

На трето место се наоѓаат канадските музичари благодарение на Џастин Бибер, Дрејк и Мајкл Бубле, додека пак, Ријана со продажбата на своите албуми го пробила родниот Барбадос дури на четвртото место на листата.

Напиши коментар