ШоуБиз

Britney e главен јунак во еротски роман!

Тетката на поранешниот сопруг на пејачката Britney Spears, Kevin Federline напишала еротски роман инспириран од скандалозниот брак на Kevin и Britney.

Тетката Diane Story вели дека нејзината книга со наслов „Pop Baby Krissy Doucet“ говори за љубовната врска помеѓу пејачката и танчерот и дека секоја случајност со реалните ликови е „само случајна“.

Уште откако излегле неколку делови од романот, медиумите веднаш забележале дека книгата е всушност биографска. Се чека интригантниот роман да излезе во целост за да може да се даде дефинитивна критика и заклучок.

Инаку, Britney и Kevin беа во брак од 2004 до 2007 година и имаат два заеднички синови за чие старателство одлучуваше судот додека пејачката се лечеше од нервно растројство.

Write A Comment