Поп пејачката Britney Spears полека им се враќа на старите славни денови кога беше една од најпопуларните личности во шоубизнисот. На својот Твитер профил таа објавила слика на која носи градник вреден 20.000 долари.
Инаку пејачката направила неколку слики за играта „Twister Dance“ која се промовира овие денови низ САД. Според американските медиуми, Britney конечно успеа да се врати во минатото кога беше една од најубавите жени во Америка.
Градникот кој чини неверојатни 20.000 долари е направен од дизајнерите на „Body Rock“ и се вика „Eternal Love“. На градникот има 18-каратно злато, дијаманти и Сваровски кристали, а направен е од свила. Оние кои сакаат да го купат, тоа можат да го сторат онлајн.

