ШоуБиз

Бритни Спирс – најплатена пејачка во светот

Бритни Спирс е најплатената пејачка во светот според годишната класација на списанието Форбс.

Од својот нов албум како и од новиот парфем Бритни спечалила 58 милиони долари.

 

На втората позиција остана Тејлор Свифт која е со еден милион зад Бритни. Оваа година нејзините приходи се 57 милиони долари спечалени по време на турнејата.

 

Скандалната Ријана влегува во првата тројка со своите 54 милиони. Во споредба со минатата година таа се искачила две места нагоре во класацијата.

 

Првенецот за 2011 година, Лејди Гага оваа година е на четвртата позиција. Нејзините приходи изнесуваат 52 милони долари.

 

Веднаш после Гага на листата на најплатени пејачки за 2012 година е 28 годишната Кејти Пери со заработка од 45 милиони долари.

 

Класацијата на списанието Форбс се прави на база на приходите на ѕвездите реализирани во периодот мај 2011 г. – мај 2012 г.

Напиши коментар