Тоа се оние феноменални, големи коцки со кафеава боја од американските филмови. Секој љубител на чоколадото и неговите деривати е свесен за овој чоколаден „ шок“ а што е најважно- лесен е за подготовка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 грама црно чоколадо ( по можност со поголем процент на какао)
200 грама путер
200 грама шеќер
4 цели јајца
100 грама брашно
1 лажица сув квасец
Малку сол ( на врвот од ножот)
ПОДГОТОВКА:
Прво се става 200 грама црно чоколадо да се топи на пареа. Се земаат два пластични садови, од кои во едниот се издвојуваат 4 белки, а во другиот 4 жолчки. Во белките се става малку сол, а во жолчките се додава 200 грама путер ( омекнат на собна температура) и 200 грама шеќер. Со миксер, се матат белките за да се добие цврст шлаг, а потоа се матат жолчките, путерот и шеќерот додека не настане пена. Потоа се префрла густиот шлаг, во садот со јајца, путер и шеќер и сето тоа се меша со лажица. Се додава 100 грама брашно, 1 лажица сув квасец и се промешува. Во меѓувреме, чоколадото се растопило на пареа и истото се додава на смесата и сето тоа се меша се додека не се соедини.
Во тава за печење со дијаметар од околу 27 сантиметри се става хартија за печење и се префрла целата смеса. Колачите се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 15-20 минути. Бидете внимателни да не ги препечете, бидејќи не смеат да бидат суви. После 15 минути со чепкалка проверете дали колачот е доволно испечен. Ако извлечете чиста чепкалка, значи дека е готово.
Колачот се лади и се сече на коцки и се служи.
Уживајте!!!