Вработените жени немаат многу време да се посветат на готвењето. Но, сепак има и такви рецепти кои може да се подготват за кратко време. Еве една од нив:
Потребни состојки:
– тестенини по желба
– 300 гр пилешки гради или мисиркини гради
– 1 лажица маслиново масло
– сол и црн бибер
– сок од еден лимон
– 2 дл неутрална павлака за готвење
– зеленчук по желба
Подготовка:
Месото исецкајте го на парчиња, посолете го и посипете го со лимоновиот сок. Поклопете го и оставете го да преноќи во фрижидерот.
Кога ќе се вратите од работа ставете ги тестенините да се варат, а за тоа време на загреана тава ставете го месото да се пропржи од 5-7 минути, а потоа прелијте го со павлаката. Оставете го да се пржи уште две, три минути.
Ставете ги исцедените тестенини во чинија и прелијте ги со сосот. По желба може да ставите и обарен зеленчук.

2 коментари
Pilesko
moze i svezi pecurki da se dodade