Мојата кујна

Брз ручек за вработените жени

Вработените жени немаат многу време да се посветат на готвењето. Но, сепак има и такви рецепти кои може да се подготват за кратко време. Еве една од нив:

Потребни состојки:

–      тестенини по желба

–      300 гр пилешки гради или мисиркини гради

–      1 лажица маслиново масло

–      сол и црн бибер

–      сок од еден лимон

–      2 дл неутрална павлака за готвење

–      зеленчук по желба

Подготовка:

Месото исецкајте го на парчиња, посолете го и посипете го со лимоновиот сок. Поклопете го и оставете го да преноќи во фрижидерот.

Кога ќе се вратите од работа ставете ги тестенините да се варат, а за тоа време на загреана тава ставете го месото да се пропржи од 5-7 минути, а потоа прелијте го со павлаката. Оставете го да се пржи уште две, три минути.

Ставете ги исцедените тестенини во чинија и прелијте ги со сосот. По желба може да ставите и обарен зеленчук.

2 Коментари

Напиши коментар