Art & Crafts

Брзо и ефикасно чистење на козметичкиот прибор

Козметичките четкички и сунѓерчиња се полни со нечистотии и бактерии, но со често одржување на козметичкиот прибор, истите можете да ги задржите подалеку од  Вашето лице, со што Вашата кожа ќе биде чиста и здрава.

Совети за одржување на чистота на Вашиот козметички прибор :

1. Ставете ги четкичките под топла вода.

2. Нанесете  мала количина шампон за коса или гел за лице.

3.Измиете ги темелно со топлата вода. Ако водата не е чиста, се повторува постапката со гелот и шампонот, се додека водата што излегува при чистењето, не стане „кристално“ чиста.

4.Исцедете го вишокот вода и оставете го приборот природно да се исуши.

5. По сушењето, козметичкиот прибор повторно е спремен за употреба, а Вашето лице е безбедно од нечистотии и бактерии .

Напиши коментар