На модните писти во Милано беше промовирана машката колекција на Burberry за оваа есен. Сива, црна, се боите кои беа најмногу застапени, како и одлични костими со две копчиња. Кошулите добија нов изглед со точки и други дезени, додека шапките ќе ги вратат момците во минатото. Иако има ретро шмек оваа колекција е модерна и совршена за оваа есен.