Брендот и нивната последна пролетна колекција се најдобриот избор за мажите кои сакаат да се чувствуваат релаксирано во тоа што го носат, а сепак тоа да изгледа пристојно и модерно. Во кратки линии би кажале дека како основа преовладува принтот, а основните бои како во повеќето пролетни колекции се мастило сината, црвената и сите крем и бежови нијанси.






