Мода

BVLGARI – Преубавата нова пролетна колекција на чанти

Апетитот на еден од Вашите омилени брендови, BVLGARI, не стивнува и оваа Пролет. Секоја жена знае кое е значењето на чантата во нејзиното секојдневие. И од функционални, и од естетски причини. Афинитетите на BULGARI оваа Пролет се страмат кон спој на овие две причини кои на жената ќе и приредат огромно задоволство. Новата колекција на чанти со бренд BULGARI нуди секојдневни, свечени и необични модели кои ќе го освојат срцето на секоја тренд-сетерка. Внимателно избраните материјали со префинет сјај и луксузните „теми“ кои ги разубавуваат мини “плико“ чантите, се една од причините поради кои секоја жена ќе ги посака овие чанти. Сето тоа, надополнето со логотипот BVLGARI, во вид на скапоцен аксесоар и златните ремчиња, ќе биде тренд и причина повеќе за секоја жена да се чувствува самоуверено…

Погледнете ги , ќе останете без здив…

 

 

 

Напиши коментар