За разлика од многуте дизајнерски куќи чии колекции за пролет/лето 2012 изобилуваат со бои и принтови, Francisco Costa главниот дизајнер на една од најдобрите светски модни куќи Calvin Klein, понуди нешто сосема поразлично. Чистата палета на бои – беж, бледо жолта, сребрена и црна, создаваат прекрасни дизајнерски парчиња кои според многумина ги заобиколуваат трендовите за наредната пролет, а во исто време се модерни, со многу гламур и едноставност.
Погледнете зашто моделите на модната куќа Calvin Klein ќе биде вистинско пролетно задоволство.