ШоуБиз

Цеца како Бил Клинтон

Во Будва само што не се прогласила вонредна состојба… Цеца во недела ќе има настап, па целата организација наликува како да доаѓа некој претседател. Познато е дека обезбедувањето кое било ангажирано за Бил Клинтон, кој престојувал во Црна Гора пред неколку години, е повторно ангажирано за Цеца.

Најавениот концерт побудил неверојатен интерес, иако цените за влезниците се превисоки за нивниот  стандард.

Посебна единица на полицијата ќе биде ангажирана ако се појави потреба од такво нешто. Оваа специјална единица пружа заштита на високи државни службеници и странски претседатели и функционери кога доаѓаат во Црна Гора, изјавил човек од организацијата. Цеца би требало да пристигне во Будва само неколку часа пред концертот.

Напиши коментар