ШоуБиз

Целата вистина за Том Круз

Поранешната менаџерка на Том Круз, Елиен Берлин излезе пред јавноста со една приказна за која вели дека ќе ја открие целата вистина за Том Круз.

“Том беше мој клиент, уште на негови 18 години. Тогаш беше полн со бес и агресивност. Сметам дека тоа е најголемата причина што тој не можде да го задржи бракот. Том имал тешко детство, а сето тоа се одразува на неговата сегашност. Како мал неретко бил злоставуван од своите врсници, бил тепан и злоставуван од страна на татко му, а потоа го напуштил. Од тогаш Том има серизни последици. Многу често и брзо го менува расположението, има силни изливи на бес, но сепак на крајот се смирува.

Секогаш кога ќе го видев беше со различна девојка. Тој сакаше да си докаже пред себе дека е вреден, и дека нема да го напуштаат туку тој ќе биде што ќе напушта.

Колку што паметам тој најпрво го побара спасот во еден манастир, но набрзо излезе и од таму. Следеше фазата со многу алкохол, но за среќа и таа ја надмина.

Имаше еден период од животот кога живеевме заедно. Тој често знаеше по долна облека да се шета по станот и гордо да се гледа во огледало. Мене се то ами делуваше детинесто и слатко.

Скиентологијата се појави како лек за него. Тој со нејзина помош успеа да го совлада целиот срам, страв и недоверба во сопствените квалитети. Но од друга страна таа продолжува да му одзема многу во животот” изјавила поранешната менаџерка.

Write A Comment