Здраво тело

Чај и сон за витка линија

Истражувањата покажуваат дека заради непроспиените ноќи луѓето внесуваат по 550 калории повеќе од вообичаено. Тоа значи дека и сонот е во тесна корелација со добрата линија.

Чувството на глад е помалку присутно кај луѓето кои спијат по осум часа во денот. Тие кои имаат убав и цврст сон, имаат помалку проблеми со уморот и несоницата, а сето тоа влијае на апетитот.

Едно канадско истражување пак докажало и дека чајот има големо влијане за апетитот и количината на храната која ја внесувме. Луѓето кои имаат навика да го започнат денот со шолја чај или пак имаат навика да го пијат во текот на денот јадат многу помалце.

Напиши коментар