Здраво тело

Чајот од нане ги ублажува болките

Шолја чај од нане, тврдат стручњаците, може да ги ублажи болките исто како и аналгетиците кои можете да ги купите низ аптеките.

Стручњаците кажуваат дека чајот од нане ги ублажува главоболките, болките во стомакот и болките предизвикани од грип.

Водечкиот истражувач, Грациела Роча, кажува дека биле барани билки кои би можеле да ги заменат синтетичките лекови, а како што е познато, околу 50.000 билки се користат во традиционалната медицина ширум светот, за цел лечење и превенција, т.е. да некои од билките, научно поврдено, имаат ист учинок како синтетичките лекови.

„ Следниот чекор, е постепено да откриеме како точно билките делуваат“, додава Грациела Роча.

Напиши коментар