ШоуБиз

Charlie Sheen не се откажува од развратништвото!

Соседите на актерот Charlie Sheen сѐ почесто се жалат на вревата и лудите забави кои тој ги организира скоро секоја ноќ во својот дом во елитното предградие на Лос Анџелес, Беверли Хилс. Поради својот разуздан живот со две жени, како и поради конзумацијата на алкохол и дрога, актерот доби отказ од популарната серија „Два и пол мажи“ и едно време се повлече.

Тогаш тврдеше дека ќе се потруди да изгради позитивна слика за себе и дека сака да го остави минатото зад себе. Сепак, тоа засега останува само на збор, а соседите и понатаму се жалат дека покрај него е невозможно да се живее мирно.

–          Вревата трае по цела ноќ. Автомобили полни со едвај облечени жени доаѓаат доцна навечер и остануваат до следниот ден, – вели еден од лутите соседи на Sheen.

Write A Comment