ШоуБиз

Charlize Theron не се мажи!

Charlize Theron во интервјуто за списанието „InStyle“ изјавила дека не се плаши од староста и дека не размислува да заплови во брачните води.

–          Не чувствувам дека стареам. За тоа не размислувам – особено не на 36 години. Гледам дека лицето и телото ми се менуваат, што е сосема во ред. Дел од мене знае дека нема засекогаш да бидам пред камерите, не поради годините, туку поради мене. Кога не би глумела, мислам дека би била одличен батлер. Одлично ми оди со средувањето на домот, – искрено одговара актерката.

Во интервјуто Charlize се осврнала и на фактот зошто е сеуште сама.

–          Секогаш сум отворена за врска, но моментално не сум спремна за тоа. Никогаш не ми биле фантазија мажите. Бракот не ми е важен. Не знам зошто… некои велат дека тоа е поради лошиот брак на моите родители. Сите мои врски сум ги сметала за бракови. Не ми е важна церемонијата.

Напиши коментар