ШоуБиз

Charlize Theron посвои машко дете!

Charlize Theron стана член на холивудската група на мајки. Актерката (36) посвоила дете и сега е горда мајка на здраво машко бебе по име Jackson.

Jackson е прво дете за Theron која е инаку родена во Јужна Африка и има добиено Оскар во 2003 година за улогата на сериски убиец во филмот „Monster“.

За жал, засега нема други детаљи во врска со посвојувањето, бидејќи ниту актерката ниту нејзиниот портпарол не излегле со официјална изјава и потврда за неодамнешното посвојување. Иако, сигурно е возбудена поради проширувањето на семејството, Charlize сеуште не сака да размислува за брак. Минатата година таа кратко изјави:

–          Бракот никогаш не бил нешто важно за мене!

Напиши коментар