Кремаст, вкусен, сочен… го обожавам
Потребни состојки за тестото:
– 250 гр бисквити со путер
– 100 гр ореви
– 100 гр путер
Подготовка:
Оревите и бисквитите смелете ги и додајте им го растопемиот путер. Од убаво измесената смеса наравете кора која ќе ја ставите во една тава со дијаметар од 22 цм. Освен на подлогата од смесата ставете и на страничните делови од тавата. Ставете ја во фрижидер околу 10 минути.
Додека тестото се лади вие подгответе го филот.
Потребни состојки за филот:
– 500 гр крем сирење
– 450 гр павлака (неутрална)
– 200 гр шеќер
– 4 јајца
– 1 кесичка ванила
– ¼ шолја брашно
– 250 гр смрзнати боровинки
Измиксирајте го сирењето, павлаката, шеќерот а потоа додавајте ги едно по едно јајцата и половина од количината брашно. Добиената смеса ставете ја тавата. Во остатокот од брашното ставете ги боровинките и промешајте, а потоа посипете ги врз смесата.
Ставете го колачот да се пече во загреана рерна на 160 степени околу 90 минути.
Кога ќе биде печен извадете го колачот и оставете го да се лади, а вие во меѓувреме подгответе го преливот.
Потребни состојки за преливот:
– 300 гр џем од боровинки
– сок од два лимони
– и свежи боровинки, по желба
Сите состојки ставете ги во тава и загрејте ги на оган. Кога ќе почне да врие тргнете ја тавата од оган и прелијте го колачот.