Неверојатен вкус кој мора да го пробате, и ги чекам вашите коментари:))
Потребни состојки за кората:
– 200 гр мелена плазма
– 3 лажици шеќер
– 7 лажици растопен путер
Потребни состојки за филот:
– 200 гр младо сирење
– 200 гр бело чоколадо
– 2 лажици брашно
– прстофат сол
– 1 шолја шеќер
– 1 лажица ванилин шеќер
– 4 големи јајца
Подготовка за кората:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Во сад со средна големина измешајте ја плазмата и 3 лажици шеќер. Додајте го растопениот путер и мешајте за да се соединат состојките.
Ставете ја смесата во округол сад за печење со дијаметар од 22 цм. Израмнете ја смесата така што на краевите ќе ставите подебел слој во висина од 5 цм. Ставете го садот во загреана рерна да се пече од 9 до 12 минути или додека кората благо не потемни. Ставете го садот на ладно место за да се излади кората и намалете ја рерната на 150 степени.
Подготовка на филот:
Со миксер изматете го сирењето, белата чоколада, брашното, солта на средна брзина. Миксирајте додека не добиете убава смеса, мешајте 5 минути. Треба да бидете уверени дека нема грутки од сирењето. Додајте една шолја шеќер и продолжете со мешањето. Додајте ја ванилата и мешајте уште една минута, а потоа додавајте ги јајцата едно по едно. Мешајте постојано со смиксерот. Сипете ја смесата на изладената кора и израмнете.
Печете на 150 степени околу 55 до 60 минути, или додека центарот на колашот не се мрда додека ја протресувате тавата.
Извадете ја од рерна и нека се излади убаво. Потоа ставете ја во фрижидер каде ќе стои 8 часа.
1 Коментар
Може да ми кажете каква марка на младо сирење користите? Сакам да го направам овој рецепт 🙂
Фала..