Кога започна бракоразводната парница помеѓу Cheryl и Ashley Cole, медиумите си добија нешто несекојдневно за жолтиот печат. Тие се караа, па се смируваа, а сега убавата пејачка решила малку да покаже заби и да го опцуе својот поранешен сопруг во една од своите песни.
Новата песна на Cheryl се вика „Screw You“ и е посветена на нејзиниот поранешен сопруг.
– Не можам да си поверувам што сѐ направив за тебе. Толку многу те сакав, а тебе тоа воопшто не те засегаше, така што сега можеш слободно да се е*еш,- му порачува на Ashley во песната.
Иако таа лично не признава дека зборовите му се упатени на познатиот фудбалер, не е тешко да се погоди за кого се работи. Наскоро се очекува и премиера на песната, па сите со нетрпение очекуваме да видиме што направила Cheryl…
