ШоуБиз

Cheryl Cole се откажува од презимето!

Британската пејачка Cheryl Cole одлучила дека редно време е да се откаже од презимето кое го носи, со цел да продолжи со успешната кариера.

Засега пејачката ќе го носи само името Cheryl и така ќе се потпише на следниот студиски албум. Извор близок на пејачката открива дека Cheryl на овој начин сака да се ослободи од негативните конотации од минатото. Таа не се одрекла од презимето официјално, тоа е само поради нејзината работа.

Cheryl се разведе од фудбалерот Ashley Cole во 2010 година и тоа откако дознала дека тој ја изневерува. Со овој чекор, таа очигледно сака еднаш засекогаш да ги избрише лошите спомени поврзани со поранешниот сопруг.

Write A Comment