ШоуБиз

Cheryl Cole пишува автобиографија!

Британската пејачка Cheryl Cole одлучила конечно да проговори за животот со поранешниот сопруг, фудбалерот Ashley Cole, кој ја изневерувал за време на бракот. Тоа ќе го стори во „експлозивна“ автобиографија која моментално ја подготвува.

Како што се наведува, за оваа книга, пејачката ќе добие значителна сума пари и токму поради тоа се очекуваат „сочни“ детаљи од нејзиниот љубовен живот.

–          Потпиша многу интересен договор, па затоа верувам дека нема да ги задржи интересните детаљи за себе. Ashley треба да биде загрижен, – изјавил близок извор.

Книгата на Cheryl треба да биде готова и пуштена во продажба на есен.

Write A Comment