Можат на прсти да се избројат жените кои на тие години можат да изгледаат совршено во бел костим за капење.
Џенифер Лопез навистина изгледа подобро од било кога. Иако има 42 години, таа покажува дека годините не ѝ можат ништо и дека со текот на времето станува сè поубава и позгодна. Позирајќи во едноделен костим за капење и со златни чевли и разбушавена коса, латино дивата ја покажа својата женственост и сензуалност.
Џеј Ло блескала на снимањето на Флорида, а со неа секако бил и нејзиниот нов дечко Каспер Смарт, кој ѝ прави друштво на секое снимање. Очигледно и тој има заслуга за доброто расположение и совршениот изглед на Џеј Ло.