ШоуБиз

Чие е ова преслатко бебенце? :)

Знаеме дека Џесика Алба вешто ги крие своите деца од папараците и камерите, но на сметка на тоа, таа сака сама да ги објавува нивните слики Твитер профилот и да ги сподели своите радости со верните фанови. Неодамна, на својот Твитер поставила слика од помалате ќерка Хевен додека ја храни.

Преслатката Хевен Гарнер седи во своето столче и зачудено гледа во објективот на камерата, додека мама се обидува да ја нахрани.

–          Изгледа дека некој не ужива баш во цврстата храна, – напишала Џеси под сликата која ја објавила на Твитер.

Инаку, Хевен е родена во август, минатата година, а другата ќерка на Алба, Онор Мери е родена во 2008 година.

Напиши коментар