Прекрасната принцеза Кејт Мидлтон ја посетила изложбата во лондонската Национална галерија, на која и самата е член од неодамна.
Можеби била малку нервозна што сама се појавува во јавност, но тоа секако не го покажала пред насобраните фоторепортери. Се држела потполно природно и самоуверено додека излегувала од автомобилот, а во елегантната комбинација на сите им ги покажала своите сјајни нозе.
Во сив капут, црни високи потпетици и со блескав поглед, Кејт ги приковала очите на сите присутни врз себе. Ова е прв пат војвотката да се појави сама без принцот Вилијам во јавност, но очигледно досега одлично си ги совладала лекциите за кралското однесување.