ШоуБиз

Чии се овие слатки близначиња?

Двегодишните близначиња на овој познат холивудски пар се навистина преслатки, зарем не се сложувате?

Ова се ќерките на Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик, а тука се снимени додека се шетале со својата дадилка. Близначките Марион и Табиту се добиени по пат на сурогат мајка, а освен нив Сара и Метју го имаат и 9-годишниот син Џејмс.

Своевремено актерката од „Сексот и градот“ изјави:

–          Јас потекнувам од големо семејство и навикната сум во куќата да има полно деца. Преубаво е што ги имам овие три дечиња, многу сме среќни сите заедно, а понекогаш имам чувство дека би сакала да имаме уште деца.

Напиши коментар