ШоуБиз

Чиј е овој задник?

Ријана не е сигурно, иако е платена за да мислиме дека е таа.

Ријана беше ангажирана да снима провокативна реклама за новата линија на џинс, на познатиот бренд Армани. Благодарение на оваа реклама таа беше прогласена за најсексипилна жена на годината.

Сега неколку месеци подоцна се откри дека всушност телото кое го гледаме на рекламите не е на Ријана. Најпрво таа провокативно се истекнува во кревет, а потоа станува да ги облече фармерките но, на туѓ задник.

Британскиот таблоид Sun, пишува дека овој секси задник и припаѓа на ирскиот модел Јахнаси Аикен, која била најмена како дублерка на Ријана, и не само за задникот туку и за торзото.

Магазинот дознал од извор, близок на манекенката која за овој ангажман добила скромна сума на пари. Манекенката ја пронашле за време на снимањето на спотот “We Found Love” , кој се снимаше во Северна Ирска.

Напиши коментар