ШоуБиз

Чија е оваа тетоважа во раскош? :)

Срамежливост е збор кој никогаш не би го изговориле кога станува збор за Доли Партон. Нејзина парола од секогаш била: „Ако имаш, покажи!“.

На 65 години, таа си истетовирала на букет со црвени цвеќиња и тоа на средина, помеѓу градите. Малечка, но секси тетоважа! Доли не можела, а да не покаже што има ново во јавност, па веднаш одбрала фустан, кој доволно ќе ја открие тетоважата на црвениот тепих. Скромно, а сепак со деколте.

Што се однесува до градите, до 80-тите години од минатиот век, таа тврдеше дека се лично нејзини, но оттогаш многу работи се променија. Сепак, кога и да ја прашаат, Доли гордо одговара:

–          Да, мои се… ги купив, платив за нив!

Напиши коментар