Мојата кујна

Chip-cake

Нема кој не ги познава оние слатки американски колачиња… Но дали знаевте дека може да бидат во форма на торта за уште поголемо уживање???

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

4 јајца

250 грама путер ( на собна температура )

200 грама шеќер

1 лажица екстракт од ванила

240 грама брашно ( 2 чаши )

1 прашок за печиво

1 лажица прашок за печиво

прстофат сол

200 грама црно чоколадо, (ситно искршено) + 50 грама

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Во подлабок сад изматете ги путерот, шеќерот, матете 5 минути да се растопи шеќерот. Потоа додадете ги јајцата, екстрактот од ванила . Во друг сад измешајте ги брашното прашокот за печиво и солта и смесата од 2 сад додадете ја во првиот сад.

Потоа во измешаните состојки додадете го ситно искршеното чоколадо.

Добиената смеса ставете ја во тава за печење која претходно сте ја намачкале со путер.

Одозгора нафрлете од останатото ситно кршено чоколадо.

Печете на 180 степени Целзиусови 35 минути.

Уживајте!!!

 

Напиши коментар