Погледнете ја последнета колекција есен – зима 2012/13 венчаници наречена Legends дело на Romona Kavez што од гледна точка на новите тенденции носи во себе неколку основни или карактеристични елементи. Пред се тоа е чипката, класичниот изглед и така наречената А линија или А крој. Нема сомнеж дека станува збор за софистицирани венчаници кои ќе бидат во тренд и следната сезона бидејќи традиционалното и класичното гарантирано остануваат во модата засекогаш.




















