Кога станува збор за промена на стилот, една од неизбежните личности која мора да ја наведеме е Katy Perry. Таа го менува стајлингот, како и фризурата со брзината на светлината. Од коцки, карти и банани кои ги красеа нејзините комбинации, преку ликот на Obama на својата маичка, па сѐ до моментот кога на себе имаше цел рингишпил.
Очигледно Katy се забавува со ваквите комбинации, па потоа се префрли во фаза на Штрумфови и стана синокоса.
Последно била забележана на фестивалот Coachella во Калифорнија и тоа облечена во шарен проѕирен фустан со цветни мотиви под кој ѝ се гледала црната долна облека. Згора на сѐ, на нозете носела груби, црни чизми.
Дефинитивно, не! Чист моден промаршај за Perry!