За да имате убава кожа важно е да ја чистите секој ден. Понекогаш е тешко да се посветиме на чистењето на лицето, особено кога сме многу уморни и кога многу ни се спие но имајте на ум дека за да го вратите сјајот на кожата и убавиот тен ќе ви биде потрено многу време. Затоа одвојте барем 10 минути за својата кожа.
Кога сме кај чистењето на кожата треба да знаете што е правилно, а што е погрешно:
Миењето на лицето со ладна вода нема да ги разбуди брчките, а топлата вода ќе ја исуши кожата.
Дознајте каков тип на кожа имате и во согласност со тоа купете крема, тоник и маска за лице.
Кога сте премногу уморни и немате енергија да го исчистите лицето, тогаш употребете влажно марамче наменето за лице. Така ќе ги отстраните нечистотиите од лицето.
За не не остануваат траги од шминката, кои ќе се одразат на тенот на вашето лице избегнувајте да користите водоотпорна шминка.
Неколку пати неделно правете пилинг на кожата. Не е доволно само да ја отстраните шминката. За перфектно чиста кожа потребно е да го отстраните и мртвиот слој на клетките.