Постојано сте во потрага по начини на кои ќе изгледате за десет кг послаби, но без повеќемесечно непрестано одење во теретана? Не грижете се, ние ќе ви претставиме еден начин што ќе ви помогне во тоа.
Запознајте го вашиот најдобар пријател во борбата против обемната фигура: чизми кои во горниот дел се проширени и опуштени. Всушност, трикот е оптичка измама која ќе ви помогне да изгледате послабо отколку што сте, особено ако ги искомбинирате со тесни фармерки или блузи. За само неколку секунди може да изгледате онака како што отсекогаш сте посакувале. Трикот е во горниот дел кој изгледа како да е преголем за вашата нога, а со тоа што паѓа надоле остава впечаток дека вашите нозе се толку тенки што одвај ги држат чизмите.