Мојата кујна

Чоколаден десерт со малку калории

Овој колач е наменет за сите оние кои не можат да одолеат на чоколадата, но сепак, внимаваат на исхраната. Има малку калории бидејќи нема многу маснотии, нема маргарин, ни масло за готвење…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

125 грама темна чоколада

1 децилитар неутрална павлака за готвење

0,5 децилитри млеко

4 јајца

15 грама ( 1 лажица ) брашно

50 грама мелени бадеми

125 грама шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Чоколадата се крши на коцки и се става во зад за матење. Неутралната павлака и млекото се загреваат до точка на вриење и се преливаат врз чоколадата. Сето тоа се меша, се додека чоколадата не се стопи. Во чоколадната смеса, се додаваат жолчки, една по една и после секоја, смесата добро се мати. Се мешаат брашното и бадемите  и се додаваат во смесата.

Се матат белките, па со мешање постепено се додава шеќерот. Се мати се додека не се добие цврст шлаг.

¼ од тој шлаг се додава на чоколадната смеса и сето тоа се меша со лажица, потоа полека се додава и остатокот од шлагот со белките, и полека се меша.

Добиената маса се прелива во плех од 24 сантиметри, кој претходно го подмачкувате и го обложувате со хартија за печење. Колачот се пече во загреана рерна, на температура од 180С, 25- 30 минути. Потоа, рерната се исклучува, 1/3 ја отварате вратата и го оставате колачот уште 10 минути.

Печениот колач го вадите од рерна и го оставате да се олади до крај. Потоа, се напрскува со шеќер во прав.

Напомена: Колачот на горниот дел напукнува, но така треба. Кога ќе напрскате шеќер во прав, не се забележува.

 

Напиши коментар