Мојата кујна

Чоколаден пехар

Крунисајте ја ноќта со еден чоколаден пехар, нормално ако тој го заслужил тоа:)

Потребни состојки:

–      една кесичка пудинг од чоколада

–      200 мл слатка павлака

–      400 мл млеко

–      200 гр вишни од компот

–      3-4 лажици ликер или компот од вишни

–      4 пуслици

–      3 лажици сецкани бадеми

Подготовка:

Измешајте го млекото и слатката павлака и ставете ги да се варат. Прашокот за пудинг измешајте го со 2-3 лажици ладно млеко. Во свареното мелко со слатка павлака додајте го пудингот со постојано мешање. Пред крајот ставете ги сецканите бадеми.

Во чашите за посулужување најпрво ставете од вишните па одозгора сипете ја смесата. Одозгора повторно ставете од вишните и декорирајте со пуслиците. Сипете малку цимет за декорација.

Напиши коментар