Убавина

Чоколаден пилинг за мека кожа

Експертите не препорачуваат внесување на голема количина на чоколада бидјќи таа може да е причинител за појава на акни. Но, затоа пак може да ја употребите како свој сојузник во борбата за убава кожа кога би ја нанесувале директно на неа.

За подготовка на овој пилинг потребно ви е: две лажици изрендана црна чоколада, една шолја мед, две лажици пченкарно брашно. Со добиената смеса истријте го телото и лицето, особено сувите делови. Потоа измијте се со топла вода.

Црната чоколада обилува со флавоноиди кои успешно го забавуваат процесот на стареење. Затоа правете ја оваа маска барем еднаш месечно и кожата ќе ви биде благодарна за тоа.

Напиши коментар