Мојата кујна

Чоколаден тарт

Го сакате чистиот вкус на чоколада? Тогаш мора да го пробате ова

Потрени состојки за тестото:

–      125 гр путер

–      100 гр шеќер во прав

–      прстофат сол

–      250 гр брашно

–      2 жолчки

–      2 лажици ладно млеко или вода

 

Потребни состојки за кремот:

–      300 мл слатка павлака

–      2 лажици шеќер

–      на врвот на лажицата сол

–      125 гр мек путер

–      450 гр чоколада за готвење

–      100 мл млеко

–      какао за посипување

Подготовка на тестото:

Путерот, шеќерот и солта изматете ги да бидат кремасти. Додајте им го брашното и жолчките па мешајте додека не добиете зрнеста смеса. Додајте ги двете лажици млеко или вода и замесете тесто со рацете. Обликувајте го во круг. Посипете го тестото со брашно и направете го како ролат, па прекријте го со фолија и оставте го да отстои еден час во фрижидер.

Потоа извадете го тестото и исечете го на парчиња со дебелина од 5 мм. Наредете ги како мозаик на тавата за печење. Потоа тавата ставете ја во фрижидер да отстои барем уште еден час. Потоа тавата ставете ја во загреана рерна на 180 степени и печете 15 до 20 минути. Потоа извадете го тестото и оставете го убаво да се излади.

Подготовка на кремот:

Во сад за варење ставете ја слатката павлака, шеќерот и измешајте. Ставете го на оган се додека не почне да врие. Штом почне да врие тргнете го садот од оган и додајте го омекнатиот путер и чоколада. Мешајте додека смесата не се изедначи. Оставете малку да се излади, а потоа ставете го ладното млеко и мешајте додека не добиете мазна смеса. Кремот сипете го рамномерно  по тестото. Оставтете да се излади уште 2 до 3 часа на собна температура. Потоа посипете го со какао во прав и послужете.

Напиши коментар