← НАЗАД НА БОЗА

Чоколадна маска со лифтинг ефект

Чоколадна маска со лифтинг ефект
1676 Читања

Чоколадата е богата со флавони, кои многу ефикасно го успоруваат стареењето на кожата, ги измазнува брчките и ги обновува клетките. Тогаш треба ли да не изненадува, фактот што чоколадното искушение одавна го пронашло своето место во козметиката? Различните процедури, како маски и масажи, експресно ја стегаат кожата, ги отстрануваат флеките и отоците и имаат лифтинг ефект.

Приготвување на маската:

Најпрво растопете 70 грама црна чоколада на што треба да се додаде 5 капки масло од гроздови семки, течноста од две ампули витамин Е и една ампула витамин Ц. Смесата се згуснува со додавање на талог од турско кафе, претходно исушено. Сето тоа добро се меша се додека смесата не се изедначи. Додека е уште топла маската се нанесува на темелно исчистено лице. Потоа лицето над маската се покрива со два слоја газа. Легнете, опуштете се и оставете вака маската да делува 30 минути. Ако редовно ја применувате оваа маска еднаш седмично, гарантирано ќе се збогувате со брчките засекогаш! Можеби и не е евтина, но секој денар вреди, верувајте ми!

2 коментари → “Чоколадна маска со лифтинг ефект”


  1. sss

    6 годинаи пред

    moze li da se koristi za predelot okolu oci?


  2. boza

    6 годинаи пред

    да без проблем, сето тоа се природни и хранливи продукти, кои делуваат поволно на било кој дел од кожата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk