За љубителите на совршениот вкус на чоколадото…
Потребни состојки:
– 35о гр чоколадо за готвење, исецкано
– 175 гр путер исечен на 6 дела
– 5 поголеми јајца
– 1 шолја шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– ¼ лажичка сол
– ¼ шолја какао во прав
За глазурата:
– 115 гр чоколада за готвење
– 40 гр путер
Подготовка:
Намастете го округлиот калап за печење со пречник 22 цм. Загрејте ја рерната на 150 степени.
На пареа растопете ги чоколадата и путерот, па соединете ги. Во сад со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и 2 лажици топла вода. Миксирајте на средна брзина се додека смесата не стане светла и двојно поголема од почетната количина на смесата. Намалете ја брзината и додајте ја чоколадната смеса. Зголемете ја брзината и матете уште 30 секунди, а потоа додадете го какаото и миксирајте уште 30 секунди.
Сипете ја смесата во калапот и печете 40 до 45 минути. Оставете го тестото на страна да се излади. Потоа ставете го во фрижидер да отстои најмалку 6 часа. Потоа прелијте ја тортата со глазурата која ќе ја подготвите така што ќе ги растопите чоколадата и путерот на пареа.