Доколку Ви снема идеа како да ги изнанадите најблиските…пробајте ја чоколадната торта од палачинки.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За палачинки:
3 јајца
250 грама брашно
200 милилитри млеко
Прстофат сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во подлабок сад измешајте ги јајцата, прстофат сол и млекото, се непрестајно мешање додавајте те го брашното. Смесата оставете ја да отстои околу половина час и испржете палачинки.
За фил:
1 ½ чаша слатка павлака
3 лажици какао
3 лажици ванилин шеќер
1 лажица екстракт од ванила
1 лажиче ликер од лешник
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ја павлаката според упатството на пакувањето. Постепено додавајте го ванилиниот шеќер и какаото. На крај додадете го екстрактот од ванила и ликерот, измешајте убаво за да добиете еднолична маса.
Чоколадна глазура
100 грама црна чоколада
½ шолја слатка павлака
1 лажичка ликер од лешник
Чоколадото искршете го на парчиња и ставете го во сад. Павлаката ставете јана оган и кога ќе почне да врие претурете ја во садот со чоколадото. Убаво измешајте ги чоколадото и павлаката додека не добиете еднолична маса, а потоа додадете го ликерот.
Редоследот на редење на тортата е – палачинка – фил, завршете до палачинка и одозгора ставете ја чоколадната глазура.
Декорирајте со карамелизирани овошја по Ваша желба!!!
Уживајте во вкусот!!!
