Мојата кујна

Чоколадна торта со вишни

Потребни состојки за филот од вишни:

–      450 гр смрзнати вишни

–      1 лажица густин

–      4 лажици шеќер

–      1 лажица мед

–      1 лажичка цимет

Потребни состојки за филот:

–      1 пудинг од ванила

–      3 дл млеко

–      4 лажици шеќер

–      1 дл слатка павлака за шлаг

За чоколадниот прелив:

–      3 дл слатка павлака

–      150 гр чоколада за готвење

–      50 гр млечна чоколада или со крем од лешник

–      околу 300 гр бисквити

Подготовка:

Исцедете го сокот од вишните. Ставете ги на оган и ставете го шеќерот, медот, циметот и густинот. Сето тоа убаво измешајте го за да нема грутки и варете додека не се згусне.

Пудингот сварете го во млекото на вообичаен начин. Во изладениот пудинг додајте ја изматената хопла.

Слатката павлака ставете ја на оган. Пред да почне да вриеставете ја искрчената чоколада и мешајте додека не се растопи. Оставете нека се излади.

Во плех со димензии 30х20 наредете ги бисквитите и малку прелијте ги со млеко. Премачкајте ги со кремот од ванила. Одозгора повторно ставете ред бисквити потопени во млеко. Сега премачкајте со филот од вишни и прелијте со чоколадниот прелив. Ставете го во фрижидер да отстои цела ноќ. Може на крајот да ја украсите со чоколадни стапчиња.

Напиши коментар