Мојата кујна

Чоколадни бомбици со кикирики

Потребни состојки:

– 300 гр несолени кикирики

– 150 гр шеќер

– 50 гр чоколада за готвење

– 125 гр маргарин

– 2 жолчки

Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот на пареа се додека шеќерот не се растопи целосно. Во топлата смеса ставете ги маргаринот и чоколадата да се растопат, а потоа убаво измешајте и оставите да се излади. Потоа додајте ги смелените кикирики и измешајте убаво. Кога сместа ќе биде сосема изладена направете бомбици кои ќе ги извалкате во мелени кикирики. Ставете ги во хартиени корпи.

Ова е десерт кој одлично оди со вино.

 

Напиши коментар