Мојата кујна

Чоколадни флорентини

Ова е вкусен десерт кој е многу лесен за подготовка…

Потребни состојки:

–      25 гр зашеќерени вишни

–      60 гр путер

–      50 гр шеќер

–      2 лажици слатка павлака

–      25 гр суво грозје

–      25 гр мелена и зашеќерена кора од портокал

–      50 гр мелени бадеми

–      2 лажици брашно

–      150 гр искршена на мали парчиња

–      малку цимет

–     ванила

Подготовка:

Намрсете го плехот за печење. Во мала тава растопете го путерот, а потоа додајте го шеќерот и мешајте додека не почне да врие. Тргнете од оган и додајте ја павлакта и сувото овошје, бадемите, брашното и вишните и останатите состојки.

Со лажица ставете од тестото на плехот за печење но оставете простор помеѓу смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 8 минути или додека не се рашири.

Растопете ја чоколадата и со неа премачкајте ги чоколадните кекси.

Напиши коментар