Мојата кујна

Чоколадни коцки со ореви

Едноставна и брза варијанта на познатата бајадера … со извонреден вкус!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 грама шеќер

18 лажици вода

210 грама маргарин

150 грама мелени ореви

100 грама сечкани ореви

250 грама мелени бисквити

100 грама чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Од водата и шеќерот направете шербет. Зовриениот шербет тргнете го од оган и додадете го маргаринот. Почекајте маргаринот да се стопи. Ставете ги мелените ореви, па бисквитите и на крај исечканите ореви и истапеното чоколадо. Се добро промешајте за да добиете глатка смеса. Ставете ја смесата во калап и со виљушка прошарајте ја горната површина. Чоколадото ставете го фрижидер околу 3 часа пред да дегустирате.

Уживајте во чоколадниот вкус!!!

Напиши коментар