Мојата кујна

Чоколадни коцки

Ова мора да се проба!

Потребни состојки:

–      125 мл вода

–      3 лажици црн чај

–      50 гр растопен путер

–      2 жолчки

–      100 гр шеќер во прав

–      изрендана кора од половина портокал

–      300 гр чоколада за готвење

–      ½ шолја какао

Подготовка:

Во тавата за печење ставете алуминиумска фолија. Зовријте ја водата па во неа додадете го чајот. Варете го чајот 3 минути. Потоа процедете го и изладете го.

Изматете ги путерот, жолчките и шеќерот во прав, матете додека не добиете пенеста смеса. Во неа ставете ја изренданата кора од портокал.

Истопете ја чоколадата на пареа. Додајте ја во смесата заедно со чајот. Почекајте малку да се стегне смесата, па размачкајте ја по фолијата така што ќе има дебелина од 2цм. Ставете ја во замрзнувач да се сврдне. Потоа исецкајте ја на коцки  па извалкајте ги во какао.

Напиши коментар