Пробајте ја оваа одлична комбинација на чоколада и вишни…
Потребни состојки:
– 50 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 100 гр маргарин
– 1 јајце
– 2 дл млеко
– 2 лажици какао
– 150 гр меко брашно
– 1 кесичка пециво
– 200 гр вишни
– 200 гр чоколада, половина исецкана, а половина растопена
Подготовка:
Оставете го маргаринот на собна температура за убаво да омекне, а потоа соединете го со шеќерот. Додајте ја ванилата и едно цело јајце, па убаво измешајте со миксер. Чоколадата преполовете ја, едната половина исецкајте ја, а другата растопете ја на пареа. Во неа ставете го млекото и какаото со постојано мешање. Постепено растопената чоколада ставете ја во смесата од јајца и маргарин. Потоа ставете го брашното во кое го измешавте и пецивото.
Потоа додајте ја и исецканата чоколада во смесата.
На крајот ставете ги вишните од кои ги извадивте семките и убаво измешајте со дрвена лажица. Во тавата со калапи ставете прво хартиени калапи, кои ќе ги наполните само 2/3 не повеќе, затоа што колачите ќе нараснат при печењето.
Печете во загреана рерна на 180 степен околу 20 минути.